Сите ја сакавме во серијата „Есперанса“: Беше најпозната латино актерка, а за трагичниот крај на Едит Гонзалез се зборува и денес

Некои дури ќе кажат дека нејзиниот живот бил вистинска теленовела...

Едит Гонзалез, на нашата публика ѝ е најпозната по серијата „Есперанса“, каде што ја играше главната улога. Од тогаш, ја гледавме во многу други серии.

Иако оживеа многу ликови во најпопуларните латиноамерикански серии, Едит почина пред да наполни 55 години, по долгата и тешка борба со кобната болест. Меѓутоа, нејзиниот живот го одбележаа многу предизвици, патувања, љубовни проблеми, а некои дури ќе кажат дека нејзиниот живот бил вистинска теленовела.

Исто како во секоја теленовела, само што го запознала човекот на својот живот, основала семејство и станала најголема телевизиска ѕвезда во Мексико, стигнала и нејзината дијагноза.

View this post on Instagram

A post shared by fans de Doña Bárbara (@fansdedonabarbara)

Во јуни 2019 година, сите останале шокирани кога на Твитер, се појавила веста дека Едит починала, а тажната вест тогаш ја соопшти нејзината колешка Летиција Калдерон, на нашата публика најпозната по улогата на Есмералда во истоимената серија.

Летиција, актерката ја нарекувала Güera (Бела девојка), а токму поради тоа нејзиниот твит беше уште поболен.

„Güera, ни недостасуваш! Нема потешка болка од онаа која ја чувствува твојата мајка, која ја прегрнувам со целата своја љубов“ - напиша потресената актерка, откако Едит ја изгуби борбата со ракот на јајниците.

Актерката три години ја водеше тешката битка со ракот, кој не успеа да го победи ни по неколкуте опрации на лимфните јазли и хистеректомија.

Од мала знаела дека ќе биде актерка

Едит како дете живеела во главниот град Мексико, каде од мали нозе учествувала во училишни претстави, играла помали улоги во телевизиските серии, т.е. теленовели. По завршувањето на основното образование заминала во Њујорк и Париз на студии по глума.

Меѓутоа, на почетокот на 80-тите, се вратила во Мексико каде успеала да добие неколку подобри улоги кои ѝ помогнале да влезе во оваа индустрија, а како шлаг на тората било тоа што добила улога во познатата серија „Corazón salvaje“ и од тогаш на годишно ниво снимала по неколку серии, но и филмови.

Нејзиниот приватен живот бил вистински скандал

Иако не сакала да зборува во јавност скоро ништо за својот приватен живот, папараците успеале да откријат дека во 2004 година останала бремена и дека ќе биде самохрана мајка! Таа во август истата година на свет ја донела ќерката Констанца, а четири години подоцна е откриено дека таткото на нејзиното дете е мексиканскиот политичар Сантијаго Крил.

Во текот на едно интервју во 2012 година таа соопштила дека во една прилика доживеала спонтан абортус и дека тоа ќе ја боли засекогаш.

„Изгубив едно. Многу ми е жал... Тоа е нешто што боли, што секогаш ќе боли“ - кажа актерката.

Едит во 2010 година му кажа „да“ на мексиканскиот економист Лоренцо Лацо, со кој остана до крајот на животот. Тогаш не ни претпоставувале што ќе следува во годините што се пред нив.

View this post on Instagram

A post shared by (@guera_edith)

Дијагнозата која пореметила сѐ

На Едит во 2016 година ѝ е дијагностицирам рак на јајниците во четврта фаза .Иако имала неколку операции и била упорна и истрајна, починала на 13 јуни 2019 година.

На нејзиниот погреб присуствувале бројни членови на семејството, пријатели и колеги, а погребана е во покрај нејзиниот татко.

фото: LUIS ORTIZ/CLASOS/LATINCONTENT/GETTY IMAGES