Сите мислеа дека е „баба“, но по трансформацијата се појави „авион од девојка“: „Како успеа да стигне од 50 до 25 години за 5 минути“ (ВИДЕО)
Корисничката на Инстаграм @cyntanner објави видео на кое покажа „лежерен“ избор на облека за попладневна прошетка, но изгледаше многу повеќе од лежерно и луѓето беа изненадени колку поинаку изгледала пред и потоа.
Многумина не можеа да поверуваат како една „постара“ жена со несредена коса стана средена „помлада“ девојка во кратко здолниште и вискои чизми, пишува Mirror.
Во бордо маичка, тренерки и со разбушавена коса, таа најави дека ќе се ќе го промени нејзиниот изглед, но зад камерите.
Жената се вратила со шминка, средена коса, тесна маица, мини здолниште и чизми до колена, луѓето останаа запрепастени од неверојатната трансформација и видеото набрзо стана вирално со преку 7,4 милиони прегледи.
„Имаше 50 години и за пет минути се врати на 25“, „Како се трансформираше во Зендаја“, „Подзинав од чудење“, „Од баба стана дама!“ и „Старееш наназад“, „Можете ли да замислите кога ќе се разбудите наутро да не ја препознаете личноста“, „Шминката треба да стане нелегална“, „Луѓето сакаат да мразат луѓе. Вие стареете, и тоа е во ред. Вашата шминка не ве прави значајно млади , но и не треба“.
Фото: Принтскрин
Извор: Zena.blic.rs