Skopje Cocktail Week - второ издание, настан кој ја слави коктел културата

Првата недела на Мај месец резервирајте ја за пролетни прошетки низ скопските улици и локалите кои се дел од Skopje Cocktail Week. Она што ќе може да го искусите се совршено креирани коктели наменети за сезоната што следи.

Во периодот од 03ти до 10ти Мај, се одржува второто издание на Skopje Cocktail Week, настан кој се случува на иницијатива и во организација на Гемак - компанија која веќе 27 години на пазарот е присутна како ексклузивен партнер на светската компанија Diageo, како застапник на познатите брендови:  Johnnie Walker, Smirnoff, Captain Morgan, Baileys, Bulleit whiskey, CIROC и Zacapa.

Имајќи го позитивното искуство и фидбек од минатогодишното издание, оваа година повторно го нудиме Skopje Cocktail Week како платформа за едукација на фелата, но и како препознатлив концепт настан кој нуди нови искуства за гостите.

„Во текот на годината како компанија, организираме голем број на обуки за бармените низ Македонија, па и овој пат преку работилница која ќе се одржи ден пред да започне Skopje Cocktail Week, сакаме да ги информираме и едуцираме сопствениците на локалите и бармените за новитетите во сезоната што следува. Станува збор за избор за коктели кои се соодветни за служење во пролетно - летниот период. Оваа година покрај едукација на теми како што се “раководење на бар„ “однесување со гостите„, нудиме и теми за едукација како што се “улогата на социјалните медиуми при промовирање на содржжините во еден бар“ и “улогата на квалитетно креирано мени“. Драго ни е што сопствениците и бармените на локалите се се повеќе заинтересирани за нашите обуки и за развој на коктел културата. Во услови на динамичен пазар и голема конкуренција на локали, сопствениците секогаш се трудат да бидат поинави во поглед на својата понуда. На овој начин ние им даваме поддршка за да успеат во својата намера.„ – изјавиja од Гемак.

Во рамките на настанот, кој ќе трае од 03 – 10 Мај, ќе бидат опфатени вкупно 12 локали во кои посетителите ќе може да нарачаат и да вкусат избор на 7 коктели. Дополнително, гостите ќе имаат можност да добијат интересни подароци од  промотивниот тим на Skopje Cocktail Week. Оваа година покрај ова издание, ќе следи и есенско - зимско издание на Skopje Cocktail Week.

Се гледаме на Skopje Cocktail Week!

За да се информирате повеќе за програмата и мапата на локали каде ќе се одржи Skopje Cocktail Week следете не на:

www.facebook.com/skopjecocktailweek/www.instagram.com/skopjecocktailweek/