Скромна и вљубеник во модата: Приказната за првата сопруга на Груевски

Јавноста малку знае за првата сопруга на поранешниот премиер Никола Груевски. Пред да се ожени со сегашната сопруга Боркица,  тој беше во брак со докторката Сузана Арбутина. Груевски беше во брак со Арбутина додека беше министер за финансии.

Таа е скромна и ненаметлива, а јавноста многу малку знае за неа, освен дека е успешна докторка на Клиниката за пулмологија во Скопје. 

Во 2014 година, и Арбутина беше меѓу 110-те професори и асистенти, потписници на јавното протестно писмо до тогашниот премиер. 

Арбутина е омилена меѓу колегите и пациентите, и многу религиозна. Блиските пријатели за неа велат дека е многу весела, дружељубива и позитивна личност. Во слободно време, таа од може да се види на јавни настани, најчесто на модни ревии во кои многу ужива. 

Таа ги следи и концертите на познати пејачи од домашната естрада, а со дел од пејачите е и приватно блиска.