Слаткар напиша песна за „Либеро бенд“

Добивај вести на Viber

Марко Маринковиќ-Слаткар е автор на новиот потенцијален хит на „Либеро бенд“. Станува збор за темата „Моја“, а популарниот музичар освен како текстописец е потпишан и како композитор заедно со неговиот долгогодишен соработник Иван Јованов чие пак дело се и продукцијата и аранжманот.

Членовите на групата информираат дека со оваа нумера најавуваат нов и модерен звук со кој отвараат нова страница во кариерата.

Песната со видеозапис е достапна на јутјуб-каналот Facing the sun. Спотот го режираше Даниел Јовески.