Славниот актер 14 години не разговара со мајка му и сестра му: За неговиот доказ за љубовта се зборува и денес (ФОТО)

Нема ништо поубаво од тоа кога мажот стои цврсто зад жената што ја сака! Но, тоа не треба да доведе до потенцијален јаз во поширокото семејство, нели?

Имено, љубовната приказна на холивудскиот шмекер Кристијан Бељл не‘ потсетува дека треба да бидеме само со вистински џентлмени и ништо помалку! Поради неговата сопруга Србослава Сиби Блажиќ, тој до ден денес не разговара со сестра му и мајка му.

Иако хармоничните семејни односи се нешто кон кое сите се стремиме, Кријстијан 14 години не разговара со најблиските луѓе од семејството, бидејќи не може да го преболи нивното ужасно однесување кон неговата сопруга!

Како што пренесуваат странските медиуми, Бејл во 2008 година буквално физички ги исфрлил сестра си и мајка си од хотелската соба во која престојувал, бидејќи лошо зборувале за Сандра. 

Ја навредувале затоа што е Србинка, и ја нарекле со погрдни имиња. Се шпекулира и дека во тој момент неговата сестра Шерон му побарала заем од 100.000 долари, по што на актерот му паднал мрак пред очи бидејќи ја обвиниле Сандра дека таа го спречува актерот да му помогне на семејството.

- Не знам што се случи со него таа вечер. Ни врескаше без причина, а неговата сопруга Сандра, која ја сретнав неколку пати, сето тоа немо го гледаше. Кристијан многу ни недостасува, но тој не одговара на нашите повици, мејлови или роденденски честитки, па дури и неколку пати го смени телефонскиот број. За да знам како изгледа, го барам на Интернет, а понекогаш, кога ќе се фотографира со својата ќерка, можам да видам како расте мојата внука - изјавила еднаш мајката на Бејл. 

Неговото семејство не ја одобрувало оваа врска, а Бејл по бројни расправии се одрекол од мајка си и сестра си и ги исфрлил од куќата. И за да ја докаже својата љубов кон Србија, премина во православие!

Нивниот брак се смета за еден од најхармоничните во Холивуд. Актерот кој го нарекуваат крал на трансформациите, речиси во секое интервју признал дека немаше да биде таму каде што е денес да не била Сиби.

- Мојата сопруга е неверојатно силна жена. Јака и силна, не трпи никакви глупости и затоа ја сакам. Како ќе се однесувам дома многу зависи од улогата за која се подготвувам, но на мојата Сиби ѝ се допаѓа тоа. Можеш да гледаш на два начина на тоа - од една страна некој би рекол „кутра жена, сигурно не и е лесно да се справи со тоа“, а од друга страна можеш да и завидиш и да кажеш „каква среќна девојка, таа може да биде со толку многу различни „мажи“ во исто време - рече еднаш Бејл.

Со сопругата Србослава ги има ќерката Емелин и синот Јозеф.

Која е навистина сопругата на познатиот холивудски актер?

Родителите на Сандра го напуштиле Белград пред повеќе од шест децении и заминале да живеат во Америка. Ја добија Србослава во 1970 година. Таа се занимавала со манекенство пред да го запознае актерот и да започне врска со него.

А приказната за тоа како го запознала Бејл може да послужи како сценарио за интересна романтична комедија. Имено, ментор на Кристијан по пристигнувањето во Холивуд била Винона Рајдер, која му помогнала да добие улога во филмот „Little woman“, во кој таа ја играше главната улога.

Се шпекулираше дека Бејл се обидел на секој начин да ја заведе Винона, но таа го одбила неговото додворување. Потоа утеха најде во актерката Саманта Матис.

Сепак, Винона и Кристијан останаа добри пријатели, а во доцните деведесетти, Бејл ја запозна нејзината лична асистентка, верувале или не, Сандра Блажиќ, на една од забавите на Рајдер! Таа ѝ помагаше на Винона при снимањето на филмовите „Girl, Interrupted“ и „Autumn In“.

Инаку, Бејл е 4 години помлад од Блажиќ, а од првиот ден станаа неразделни и се венчаа во 2000 година во Лас Вегас.

Сепак, пријателите на актерот изјавија дека нивниот брак не бил толку идиличен, најмногу поради мрзливиот карактер на Бејл. 

Од друга страна, таткото на Сандра, Слободан Блажиќ, своевремено изјави за новинарите дека Кристијан, спротивно на неговиот имиџ, е крајно мирен и присебен човек и дека инсистира неговата ќерка Емелин да го научи мајчиниот јазик на мајка ѝ.

Кристијан и Сандра се вљубени, дефинитивно, како првиот ден!


Фото: Профимедиа

Извор: стилкурир