Смртта на славната актерка и по 40 години е мистерија: Најубавата жена во Холивуд наводно „случајно“ се удавила

Една од најубавите актерки наводно „случајно“ се удавила

Натали Вуд, беше една од најголемите холивудски sвезди, која се удави пред 40 години на патување со брод, на кое беше со сопругот Роберт Вагнер.

Нејзиниот сопруг ја пријавил за исчезната, а телото било пронајдено неколку часа подоцна како плови. Носела ноќница, чорапи и волнена јакна. Иако нејзината смрт првично се сметаше за несреќа, модриците на нејзиното тело ја натераа полицијата да се посомнева дека Вагнер ја убил својата сопруга.

Стравичната судбина на поранешната девојка на Бонд: Нема кров над глава, сестра ѝ убиена трагично, живее како бездомничка

Сестрата на покојната актерка и капетанот на јахтата на која беа, тврдеше дека нејзиниот сопруг е виновен за смртта на Натали Вуд. Сомнеж предизвика и промената на причината за смртта, каде што се наведува дека таа починала поради задавување во нејасни околности.

Меѓутоа, полицијата не собра доволно документи против Роберт Вагнер, па нејзината смрт остана нерешена мистерија.


Foto: YouTube printscreen /đoi0901