Со Брена и Борка уживаат во Мајами: Два моменти кои покажаат колку се сакаат Александра Пријовиќ и Филип

Покрај Александра и Филип, со нив се и мајката на пејачката Борка Михајовиќ, како и фолк ѕвездата Лепа Брена...

Популарната пејачка Александра Пријовиќ со сопругот Филип Живојиновиќ ужива во Мајами, а со моменти кои ги сподели на социјалните мрежи ги разнежни сите, но и покажа како си поминува со семејството.

Александра прво објави видео од романтичната прошетка со сопругот. Филип ја има прегрнато Александра и тие двајца со насмевка на лицето шетаат по улица.

Ова видео ги разнежни сите, а најмногу постапката на Филип, а потоа следуваше и „забава“.

Покрај популарната двојка, со нив се и мајката на пејачката Борка Михајовиќ, како и фолк ѕвездата Лепа Брена, па Александра покажа како сите заедно си поминуваат.

Семејно уживале во еден ресторан, а Александра го забележа тој момент и го сподели со своите следбеници на Инстаграм.

Меѓутоа, на сите во око им падна тоа што пејачката и нејзиниот сопруг, пијалокот го пијат од иста часа. Многумина коментираат дека романтичната прошетка и сцената во ресторанот покажуваат колку се сакаат Александра и Филип.