Со месеци се шпекулира за нивната врска: Северина првпат за гласините дека е во врска со згодниот Филип Милетиќ

Последните месеци често се пишуваше дека убавата пејачка и музичкиот продуцент Филип Милетиќ стапиле во врска по долгогодишното пријателство и соработка.

Северина Вучковиќ зад себе остави тежок период: конечно го дели старателството над синот со поранешниот партнер Милан Поповиќ, а Игор Којиќ и таа и официјално се разведоа. За сето тоа време пејачката се трудела да не ги следи медиумите, па се изненадила кога слушнала гласини дека е во врска со продуцентот Филип Милетиќ, нејзиниот долгогодишен соработник.

- Јас и Филип не сме во врска, не се забавуваме - јасно кажа Северина.

Таа истакна дека ѝ било смешно кога ги гледала насловите, но дека ѝ било подобро да пишуваат за тоа отколку за тешките детали од нејзиниот живот.

 - Едноставно не сум читала долго време, но моите пријатели ми кажуваат што пишуваат, а потоа, кога го видовме насловот „Како понатаму“, се насмеавме затоа што,  ја завршивме плочата и сега, како, ќе раскинеме... Сепак, нашата соработка трае 10 години, веројатно започна по мојот развод, но беше толку погрешно пласирано во медиумите. Воопшто не ме прашуваат дали е вистина или не, но подобро е да се пишува за тоа отколку за некои тешки работи за кои се пишувало – изјави пејачката за Klix.ba.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)



Таа откри и дека со синот Александар и мајка ѝ Ана ќе ужива во празниците во хрватската престолнина, по што ќе преминат на Јадранското крајбрежје.

- Александар ќе го помине Божиќ со мене, имаме прекрасни зимски одмори и тука е мајка ми. Ќе бидат со мене во Загреб, а потоа ќе одиме во Плитвице на неколку дена, а потоа во Црна Гора на новогодишната ноќ - вели поп ѕвездата.

извор:GLOSSY