Сокријте ги акните без пудра за само 5 минути
Ако имате кожа која е склона на акни, секако не ви е лесно да пронајдете начин да се спасите од нив , бидејќи можат да бидат упорни и досадни...
Посебно е непријатно ако се подготвувате за важен настан , а на чело имате големо мозолче. Постои едноставно и брзо решение за овој проблем. Не ви треба пудра, туку само коректор во иста нијанса со вашата кожа.
-Прво исчистете ја кожата со тоник, а потоа применете малку коректор на акните.
-Нанесете коректор со четката полека за да не ги пренесете бактериите од мозолчето на остатокот од лицето
-Следен чекор е со четка полека да го размачкате коректорот кон краевите на акните за да се стопи производот со кожата.
-Коректорот исто така може да го нанесете со чисти прсти. Ова е важен чекор бидејќи топлината на телото и прстите и помагат на кожата да го апсорбира производот и изгледа совршено на кожата.
Секако, најдобро решение е да се ослободите од акните засекогаш, но додека не успеете, ќе можете да ги сокриете со овој трик за само 5 минути.