Сопруга испраќа предупредување по смртта на сопругот: Внимавајте на овие опасни пијалоци

Здравјето често ни станува приоритет на почетокот на секоја нова година. Но, една жена предупреди на опасностите од консумирање енергетски пијалоци по смртта на нејзиниот сопруг.

Касондра Рејнолдс доживеала голем шок кога нејзиниот 41-годишен сопруг Џон починал по срцев удар предизвикан од енергетски пијалок.

Иако Џон вежбал и имал многу силно срце, лекарите и рекле дека само еден или два енергетски пијалаци дневно може сериозно да наштетат на некого.

Друга таква жена е Дафне Баксман-Карли. Нејзиниот сопруг Кевин завршил во кома откако паднал од лента за трчање во теретана.

Кевин одлучил да се напие енергетски пијалок пред утринскиот тренинг во теретана. По само неколку минути трчање, неговото срце почнало да откажува.

За среќа преживеал, но не е секогаш така.

„Само сакам луѓето да знаат дека тоа лесно може да им се случи“, рече Касондра. Многу луѓе не се свесни за опасностите од енергетските пијалоци и многу сомнителните состојки во нив.

Така, Касондра се надева дека споделувајќи ја својата приказна ќе им помогне на другите да разберат колку се опасни овие пијалоци. Се молиме за тоа семејство и сите други кои се во слична ситуација.