Спектакуларното шоу „Глумците пеат“ со тема Евровизија во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Добро познатото шоу „Глумците пеат“, оваа година беше со тема- што би било ако Македонија биде домаќин на Евровизија во 2134 година, а се одржа вчера вечер во Националната опера и балет (НОБ).
Слушнавме 27 странски и домашни евровизиски хитови од млади и докажани актери, меѓу кои Весна Петрушевска која настапи со децата од нејзината актерска школа, Тања Кочовска, Калина Наумовска, Нина Деан, Гордана Ендровска, Рубенс Муратовски, Нина Елзесер, Наталија Теодосиевска, Жарко Димовски, Тина Трпковска, Бојан Стојков, Арна Шијак, Жаки Стефковска, Маја Андоновска- Илијевски, Билјана Драгичевиќ- Пројковска, Петар Горко, Дритон Вејсели, Бајрам Северџан…
Тимот беше составен од режисерот Дејан Пројковски, кореограф Олга Панго, дигирент Љупчо Мирковски, a Бобан Мирковски се најде како автор на аранжманите наменски напишани за сите песни кои беа изведени.
Шоуто е во организација на Маја Бабиќ, ќерка на актерот Марин Бабиќ, идејниот творец и организатор на „Глумците пеат“ пред 30 години.
*Р.Ж.М.
Фото: Вангел Тануровски