Среде Пекинг, за роденденот на Тоше: Кинез со многу емоции пее песна од нашиот ангел (ВИДЕО)

Од Крушево до Пекинг - цел свет се сеќава на ликот и делото на нашиот ангел Тоше Проески.

Младиот Кинез, Ванг Сиао Чонг, од неодамна предизвика лавина позитивни реакции од голем број Македонци кои на неговиот профил на Инстаграм му пишуваат емотивни пораки под видеата на кои среде Пекинг пее големи хитови од легендарниот Тоше Проески како и од српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ.

Овојпат, во чест на 25-ти јануари, денот кога Тоше требаше да наполни 41 година, момчето со голема емоција ја пее српската верзија на песната „Боже чувај ја од зло“ од нашиот ангел Тоше Проески.

„За роденденот на Тоше“ - напиша тој:

View this post on Instagram

A post shared by (@wang_xiao_chong)


View this post on Instagram

A post shared by (@wang_xiao_chong)