Среде приказните за кризата во бракот, Вилијам и Кејт ја објавија божиќната честитка: Дали ова е рецептот за среќна фотографија?

Рака на колено и широка насмевка - дали вака изгледа едно среќно семејство?

Британските медиуми зборуваат за наводното изневерување на принцот Вилијам. Имено, за нарушената брачна идила, таблоидите ја обвинуваат поранешната манекенка и долгогодишна пријателка на Кејт Мидлтон, Роуз Хенбери.

Таа и Кејт биле многу блиски сѐ додека Роуз не се обидела да се вмеша во нејзиниот брак и да ја раздели од принцот Вилијам. Иако важеше за примерен сопруг, се зборува дека сепак не успеал да ѝ одолее на згодната бринета и дека веќе со години тајно се состанува со неа.

Во екот на неверството, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја објавија божиќната честитка на која позираат со децата. Фотографијата е направена додека кралското семејство престојувало во Јордан.

На фотографијата е „уловена“ необично блиска ситуација помеѓу Кејт и Вилијам. Додека седат еден покрај друг, Вилијам ја спуштил раката на нејзиното колено, а во исто време и таа ја има ставено својата на неговото колено. Широките насмевки и необичното држење остава впечаток како целата ситуација и концепт на фотографија да е наместен.

Што мислите вие?

View this post on Instagram

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@dukeandduchessofcambridge)


фото: Инстаграм