Среќко Шоиќ за Претседател на Србија: Лане Гутовиќ на турнеја низ Македонија

Добивај вести на Viber

Откако билетите за првата претстава се распродадоа за неколку денови, познатиот срспки актер Милан Лане Гутовиќ вечерва повторно гостува во Скопје со хит-претставата „Украѓена личнос'“. 

Гутовиќ ќе ја игра претставата во Дом на АРМ во Скопје од 19 часот. Главниот лик кој го глуми Лане, е иснпириран од познатиот Среќко Шојиќ, ликот од „Тесна кожа“ и од „Бела лаѓа“, кој ја одбележа неговата кариера.

„Во претставата, се кандидирам за Претседател на Србија, но воопшто не се обидувам да ги убедам гласачите дека јас сум вистинскиот избор. Ѝ се обраќам директно на Европската Унија“, изјави Гутовиќ за претставата. 

Среќко Шоиќ, ќе се дружи и со својата публика во Битола на 20 февруари во НУ Центар за култура, како и во Струмица на 22 февруари во НУЦК Антон Панов. Сите претстави се од 19 часот, а билетите се во продажба онлајн преку сервисот mktickets.mk, Југотон ГТЦ, како и во продажните салони на Сара Фешн во Струмица и во Битола. 

Во претставата игра Милан Гутовиќ, а неговите текстови се напишани потпирајќи се на текстот на Миленко Вучетиќ (Бараба). Во претставата ќе го слушаме и валцерот на Штраус. Организатор е „Бекстејџ медија“.