СРПСКАТА СОФИЈА ЛОРЕН: Јелена Жигон во последните години доживеа страшна траума
Јелена Јовановиќ Жигон е родена на 3 ноември 1933 година во Белград. По улогата на Жикина династија имала низа ангажмани во домашни филмови и ТВ серии, но изледа дека сепак на публиката и останала најдрага како Јелена Тодоровиќ.
Јелена била во брак со актерот Стево Жигон, се до неговата смрт во 2005 година, а со него ја има ќерката Ивана, исто така актерка и синот Никола, сликар.
Познатата српска актерка, Јелена Жигон починала во 85 година во болница во Белград во вторникот вечерта каде и живеела.
Жигон имала богата кариера, а пред три години доживеала голема траума кога, додека била сама дома, ја нападнал и малтретирал разбојник.
„Беше многу силен, но млад човек. Ме турна и малтретираше, ме држеше за врат и цело време ми зборуваше: „Во ред е Јелена, нема да ве убијам“. Сигурно тоа го кажа за да не врескам-раскажуваше Јелена по случката.
Како што открила актерката, тој од неа го барал целото злато што го има дома.
„Не можев да му одговорам бидејќи ме пригуши, па почна да ги обива фиоките. Го зема паричникот од маса, нешто пари што имам“, раскажуваше Жигон.
Во текот на богатата кариера имала бројни улоги во домашни серии и филмови, а една од нив е и како што споменавме улогата на Јелена Тодоровиќ во „Жикина Династија“.
Освен оваа ја памтиме и по многу истакнати хит улоги во југословенската и српска кинематографија.
foto: Kurir / Marina Lopičić