Станав милионерка пред да наполнам 30 години: Хана се збогати, и сето тоа со помош на овие 7 совети
Жена која тврди дека станала милионерка пред триесет години, ги откри седумте правила според кои живее секој ден.
Така, Хана Чен откри дека клучот за богатството е во начинот на кој размислувате, а во нејзиното видео на „Тик Ток“ ги откри седумте секојдневни правила според кои живее и нејзините најдобри совети кои ќе ви помогнат да се збогатите во наредната 2023 година.
- Јазикот со кој зборувате за себе е или витамин или отров, вели таа во видеото.
И таа објасни дека негативниот самоговор може да има негативни последици, бидејќи така почнувате да верувате во тие мисли.
Начинот да заработите повеќе пари, според Хана, е да го промените начинот на кој размислувате за парите.
- Мора навистина да верувате дека сте достојни да заработите повеќе пари пред тоа да стане ваша реалност.
А „вооружувањето на околината“ е уште едно правило на кое Хана се колне.
- Направете мали промени во вашиот животен простор кои ќе ви помогнат да го нормализирате следното ниво на успех.
Следното правило според кое живее Хана е правилото „биди-направи-имај“.
- За да имаш нешто, како милион долари, треба да станеш тип на човек кој заработува милион долари. Мора да се запрашате: како се однесува таа милионска верзија од мене, што прави и како размислува.
Хана додаде дека треба да размислувате за големи набавки преку објективот на трошоците наспроти инвестициите. На пример, курсот за учење нови вештини е инвестиција, додека купувањето дизајнерска чанта е трошок.
@realhannahchan Replying to @Rae Seven life rules that will make you a millionaire. Starting a business or achieving financial success is all about your mindset, not just strategy @Hannah Chan @Hannah Chan original sound - Hannah Chan
За оние кои поседуваат бизнис или се хонорарци, Хана им препорачува на клиентите да им наплатуваат врз основа на резултатите, а не според работните часови.
- Дури и ако вашата саатница е навистина висока, сепак имате само 24 часа дневно, што значи дека вашиот приход секогаш ќе биде ограничен - објасни таа.
Конечно, таа вели дека повеќето луѓе кои заработиле многу пари нема да ви кажат дека изгубиле пријатели на патот - но тоа не е нешто за што треба да се грижите.
- Секој успешен човек што го познавам изгубил пријатели во тој процес.
Нејзиното видео го погледнале голем број луѓе, а дел од коментарите се:
„Многу ви благодарам!“, „Ова се финти кои вредат злато“, „Одлични совети. Човек мора да се создава и да инвестира во себе“. „Ова е навистина добро, благодарам за споделувањето“.