Стар заборавен појадок кој е неверојатно здрав: Се прави за само 2 минути, а е одличен за метаболизмот
Палентата е совршен оброк за појадок, бидејќи е лесен, ви дава сила и чувство на ситост за остатокот од напорниот ден. Некогаш често се наоѓаше на трпезите низ поранешна Југославија, но сега стана малку заборавена.
Палентата потекнува од Италија, а треба да ја консумираме барем еднаш неделно бидејќи ги чисти цревата и го забрзува метаболизмот, а сосема е непотребно да ви кажеме колку е поздрава од месени пецива. Покрај тоа, потребни ви се само 2 минути за подготовка.
Наједноставна подготовка на палента
За една порција зовријте 2 dl вода, додадете една лажица сол и една лажица масло. Кога водата ќе зоврие тргнете ја од оган и додадете две и пол лажици палента. Се меша на тивок оган две до три минути. Во палентата можете да додадете сирење, павлака, ленено сме, сончоглед, ајвар, а може да прелиете и со топло млеко.
Извор: zena.blic.rs