Ставила пена за самопотемнување, па позеленела: „Само сакав да изгледам исончано“

Била, како што вели, бела како дух, па сакала да тоа да го смени и да изгледа исончано, а потоа се тргнало наопаку ...

Многу девојки сакаат да имаат темен тен, па често се одлучуваат да одат во солариум, но и да користат домашни варијанти на потемнување. Многу луѓе се обидуваат да добијат сончев тен со помош на крема, спреј или пена за таа цел, а една девојка добила резултат далеку од очекуваното и стана предмет на потсмев на интернет.


Девон Биркет (25), здравствена работничка од Британија, вели дека користела пена за самопотемнување од познат бренд и кожата и позеленела.

Таа вели дека била бела како дух, па сакала да го промени тоа и да изгледа исончано. Меѓутоа, додека чекала да помине времето одредено од производителот на пена, забележала дека нејзините нозе позеленеле.


@devonbirkettx #duet with @devonbirkettx well  #shrek5 #viralvideo #foryoupage #fyp #hilarious #tanfail ♬ original sound - Devon Birkett


- Скокнав и истрчав до огледалото. Изгледав како Фиона (лик од цртан филм кој е зелен). Бев целосно зелена, а тенот ми изгледаше уште полошо во живо - вели Девон.

- Направив се како и обично. Направив пилинг, ја хидрирав кожата и нанесов пена. Обично ставам еден слој, легнувам и се истуширам следното утро. Сè изгледаше нормално и сега, а потоа наеднаш кожата ми позелене - го раскажува своето искуство оваа девојка.

- Само ставив пена на лицето. Седнав да ја гледам серијата, а потоа случајно погледнав во моите нозе и видов дека се зелени, но навистина зелени - вели таа.

Меѓутоа, во видеото покажа и зелена вода во кадата, што докажува дека успеала да ја симне бојата и да си го врати тенот.


Foto: Printscreen Tiktok