„Стефанија оваа улога ја играше и ја посвети за својата мајка, за Андријана, нашиот ангел небесен“: Јулија е горда на внуката

Стефанија синоќешната улога во „Галеб“ ѝ ја посвети на мајка ѝ, прерано починатата Андријана.

Ќерката на пејачката и водителка Јулија Мациевска, уметницата Андријана која почина на 41 година, зад неа ја остави ќерката Стефанија која синоќа улогата во „Галеб“ ја посвети на мајка си, а за тоа објави Јулија.

Мојот ангел одлета, мојата единствена рожба, мојата Андријана: Во емотивна објава, Јулија се простува од ќерка ѝ

-Синоќа на даските што живот значат - Театар Комедија, моето сонце Стефанија блескаше во улогата на Нина, величествена како вистински галеб во претставата „Галеб“ од А.П.Чехов.

Стефанија оваа улога, оваа претстава ја играше и ја посвети за својата мајка, за Андријана, за нашиот ангел небесен.

Благодарност на целата екипа од претставата, за сета маестрална енергија која ја донесоа на сцената и направија незаборавно доживување - напиша Јулија и сподели фотографии.


Инаку Андријана беше сликарка, а последните две години лавовски се бореше со рак, но не издржа...