Мојот ангел одлета, мојата единствена рожба, мојата Андријана: Во емотивна објава, Јулија се простува од ќерка ѝ

Скршена од тага, се огласи пејачката и водителка Јулија, по смртта на ќерка ѝ Андријана која почина денес, по долга борба со рак

Уметницата Андријана почина на 41 година, а пред само три дена, нејзината мајка Јулија, на својот Фејсбук упати апел до нејзините пријатели да се молат за нејзината ќерка.

Денес, скршена од тага, се огласи пејачката:

„Мојот ангел одлета, ми се откорна од срцето, од утробата, мојата прва љубов, мојата единствена рожба, мојата Андријана. Мојата зеница, мојата светлина, моето добро девојче, мојата голема уметница... боли... боли... боли“ - напиша на Фејсбук Јулија и соопшти дека погребот ќе биде утре.