Лавовски се бореше, но не издржа: Почина ќерката на Јулија Мациевска

Добивај вести на Viber

Почина ќерката на пејачката и водителка Јулија Мациевска.

Уметницата Андријана почина од рак на 41 година, јавуваат медиумите. А на социјалните мрежи, блиските веќе се простуваат од неа.

Пред само три дена, нејзината мајка Јулија, на својот Фејсбук упати апел до нејзините пријатели да се молат за нејзината ќерка Андријана, на која пред две години ѝ беше дијагностициран рак на дојка. Таа тогаш, исцрпена од тага и болка ни рече дека Андријана е на Клиниката за онкологија веќе три дена, и е во тешка состојба.

Јулија: Моето девојче во болки се бори за живот, молете се за неа, верувам во божјите чуда - ни изјави Јулија, но за жал Андријана не успеа да се избори.

41-годишната Андријана беше сликарка и мајка на Стефанија.