Животна училница // Приказни
Јулија: Моето девојче во болки се бори за живот, молете се за неа, верувам во божјите чуда
Пејачката и водителка Јулија утринава на својот фб статус упати апел до нејзините пријатели да се молат за нејзината ќерка Андријана, на која пред две години ѝ беше дијагностициран рак на дојка. Успеавме да ја исконтактираме. Едвај зборуваше.
- Ја донесовме на Клиниката за онкологија пред три дена, во тешка состојба. Постојано сум покрај неа. Покрај моето девојче со предобра, чиста и искрена душа и со огромно срце. Ситуацијата и се влоши после Нова Година. Немам сила ниту да зборувам, исцрпена сум од тага, од болка. Но, ќе издржам за неа и ќе се молам. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за него е возможно се.Посакувам секој на свој начин да испрати љубов, молитва и моето девојче да се дигне повторно - ни изјави Јулија.