СТИГНА УШТЕ ЕДНО БЕБЕ ВО ХОЛИВУД: Актерот Двејн Џонсон со фотка од новородената ќерка

Холивудскиот актер Двејн Џонсос и пејачката Лорен Хашијан станаа родители на уште едно девојче.

Актерот познат под името Рок и неговата избраничка во декември 2015 година ја добија ќерката Јасмин, а акционата ѕвезда со поранешната сопруга ја има 16 годишната ќерка Симон.


Првата фотка на бебето гордиот татко ја сподели на социјалните мрежи а откри и кое име го избрале за своето девојче.

-Тијана Џиа Џонсон дојде на овој свет-напишал Рок.