Стил на денот: 9 деловни фустани на Меган Маркл во духот на пролетта

Добивај вести на Viber

Сопругата на принцот Хари и поранешна војвотка, Меган Маркл остана запаметена меѓу другото и по нејзиниот стил и изглед, каде и да се појавеа со принцот додека ги завршуваа кралските должности.
Иако се откажаа од титулите, интересот за нив не стивнува, па особено интересно за јавноста е што сега носи Меган, како сега изгледа и се облекува.

Како и да е, нејзините модни избори ја воодушевија и продолжуваат да ја воодушевуваат публиката ширум светот, а кршењето на кралскиот протокол никогаш не изгледало толку правилно, велат модните критичари.

Бидејќи немаме прилика да ја гледаме толку често, се навраќме малку назад и ги одбираме за вас најдобрите пролетни изданија на Меган Маркл. 
Акцентот го ставаме на нејзините пролетни деловни фустани кои се безвременски.

Погледнете ја галеријата и инспирирајте се:
фото:shutterstock/GettyImages