Стил на денот: Ана Ивановиќ во вонвременска класика којa треба да ја има секоја жена
Класиката на Ана Ивановиќ, која секоја жена треба да ја има во својата гардероба, секоја комбинација ја издигнува на повисоко ниво и ја прави префинета.
Познатата тенисерка Ана Ивановиќ отсекогаш имала беспрекорен стил и зголемена елеганција и софистицираност. Нејзините тоалети често се во фокусот, а покажа дека може да изгледа префинето и привлечно дури и во лежерно издание.
Овој пат на еден настан таа покажа како изгледа вистинска дама и дека го негува стилот кој некогаш го носеле најпознатите светски дами.
Поранешната тенисерка најмногу носи класици, кои никогаш не излегуваат од мода, но и тоа што го носи, знае да го вклопи и да го претстави на најдобар можен начин.
На настанот, каде што беше главна ѕвезда, Ана носеше cigarette сиви панталони, кои беа усогласени со ролка во иста боја. Таа ја разби монотонијата со малку посветла боја на карираниот капут, кој е еден од најголемите класици и е секогаш во мода.
Секоја жена треба да има cigarette панталони во својот гардеробер, бидејќи тие можат да се носат во секоја пригода - од деловни, свечени до секојдневни.
Не смееме да ги игнорираме црните чевли кои Ана ги носеше и со тоа покажа дека е непогрешлива кога е модата во прашање, а веруваме дека не постои жена која нема барем еден пар од овие чевли.
ФОТО: Инстаграм screenshot