Стил на денот: Анџелина Џоли со кежуал комбинација во бојата која е одраз на моќ

Добивај вести на Viber

Фото: printscreen/ youtube- Angelina Jolie: In The Bag | Episode 44 | British Vogue

Анџелина Џоли се фотографираше во моќна црна комбинација, која многумина ги потсети на Лара Крофт

Анџелина Џоли е позната по моќните модни комбинации. Пред неколку дена папараците снимија неколку фотографии од актерката во лежерно издание.

Она што е интересно е дека целата комбинација е во црна боја, која е одраз на моќта, софистицираноста и елеганцијата.

Анџелина се шеташе низ улиците на Лос Анџелес во црна топ маица која го покажуваше нејзиниот стомак, како и широки црни панталони.


На нозете имаше црни сандали, со подебела платформа, додека целиот стајлинг го зачини со големи црни очила за сонце.

Во рацете носеше голема црна чанта од познатиот бренд „Ив Сен Лоран“, која веќе ја носеше ова лето.

Во оваа црна комбинација актерката многумина потсети на Лара Крофт која ја глумеше во филмот „Tomb Raider“.


Извор: stil.kurir.rs