Стил // Стил на денот
Стил на денот: Бети Цонева во транспарентна кошула-фустан
Викендот решивме да го започнеме со изгледот на Бети Цонева, која води грижа како за сопствениот, така и за изгледот на голем број девојки и жени. Бидејќи е постојано во чекор со сите новитети на полето на убавината, мораме да истакнеме дека има и интересен стил. За оваа сабота го препорачуваме трендот кој е актуелен сезонава, односно транспарентна кошула-фустан во бела боја, кој може да го комплетирате со сандали на високи потпетици и колоритна чанта, која ќе внесе доза шаренилост во изгледот.