Стил на денот: Бриџит Макрон во високи потпетици од 10 цм и фустан кој ветува

Добивај вести на Viber

Првата дама на Франција е синоним за женски и префинет стил на облекување.

Француската прва дама Бриџит Макрон (68) и нејзиниот сопруг Емануел Макрон (43) се сретнаа во Париз со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

25-години пoстарата сопруга на претседателот на Франција, секогаш игра на картата на докажан моден стил, и често носи фустани до колена.

Токму во еден таков се појави во градот на светлината, Париз, а станува збор за темно син фустан со исправен крој, потпишана од „Луј Витон“.

Она што е особено импресивно кај овој модел е големото лого на цвеќе со четири листови во контрастно жолто и бело, по кое е препознатлива оваа позната модна куќа.

Брижит Макрон комбинираше шик фустан со кожни зашилени високи потпетици од десет сантиметри.

Моделот на чевли има и интересни ремени кои подобро ја држат ногата, за жени кои се одлучуваат за овие чевли со екстремно тенки и високи потпетици.


извор:stil.kurir.rs
фото:Profimedia