Стил на денот: Чизмите на Нина Бадриќ - ниски, удобни, а многу модерни
Уште едно street style издание на Нина Бадриќ привлече големо внимание на Инстаграм!
Хрватската пејачка Нина Бадриќ отпатува во Милано, италијанскиот град на модата, а за лесна зимска прошетка избра урбана комбинација која одлично ѝ прилега.
Пејачката носи црна кожна јакна, црни хеланки и кожени чизми кои се ѕвезда на целиот стајлинг!
Нина избра црни чизми, кои се врвен моден хит и оваа зимска сезона. Нејзиниот избран модел се рамни чизми со едноставна облога што ги прави да изгледаат уште подобро; инаку овие чизми се одличен избор бидејќи лесно се комбинираат со разни изданија, фустани, панталони, но и спортски хеланки.
Своето street style издание го зачини со моќни додатоци - црна и розова марама, црна чанта со дезен, како и големи очила за сонце.