СТИЛ НА ДЕНОТ: Данијела Мартиновиќ деловна и шик

Добивај вести на Viber

Иако има 47 години, таа секогаш изгледа многу помладо. Хрватската поп-ѕвезда Данијела Мартиновиќ, приватно му е верна на својот Петар Грашо, а професионално е позната по ведрите песни и љубовните балади. Стилот на Данијела е секогаш тренди и одговара на нејзиниот карактер. Овој пат, таа избра бизнис-шик комбинација на која „шмек“ ѝ даваат розовите штикли и ресите на кошулата.