Стил // Стил на денот
Стил на денот: Деловни комбинации за паметење по примерот на Амал Клуни
Амал Клуни, сопругата на Џорџ Клуни, има одлично чувство за мода и тоа го докажува со секое ново појавување. Нејзините деловни модни комбинации честопати се оценуваат како чиста десетка, па не е изненадување што адвокатката е инспирација за жените ширум светот.
Таа секогаш воодушевува со своите модни избори. Овој пат издвоивме неколку од нејзините најдобри есенски стајлинзи.