Стил на денот: Џесика Алба комбинира елегантно и лежерно за совршен деловен изглед

Добивај вести на Viber

Во потрага по совршената дневна комбинација, ѕирнавме во плакарот на една од нашите омилени sвезди на уличен стил - американската актерка Џесика Алба.

Секогаш во чекор со најновите модни трендови, но истовремено умерена, едноставна и доследна на себе, Џесика Алба во својата гардероба секогаш ги крие најдобрите парчиња облека и модни додатоци на сезоната, во кои секогаш изгледа одлично. Сепак, нашите омилени се секогаш комбинациите на облека во кои ја гледаме на сцената во уличен стил.

Женствени и тренди, секојдневните комбинации на Џесика Алба се вистинската инспирација за едноставен и ефективен деловен стил. Еден од омилените трикови во гардеробата на Алба е комбинацијата на елегантни и лежерни модели. Токму во обична елеганција го пронајде совршениот деловен изглед за пролетната сезона.

За работен ден, Алба одбра комбинација од беж блејзер со нагласени рамена, блуза и црни панталони со широки ногавици. Со цел да се додаде разиграност на класичниот деловен изглед, Џесика додаде бели патики и спортски чорапи. Дополнителен „зачин“ е големиот синџир ланче, како и очилата.

извор:stil.kurir.rs
фото:profimedia