Стил // Стил на денот
Стил на денот: Елена Гугоска со шик и модерен изглед
Македонската манекенка зад себе има солидна кариера, која допрва ќе се развива. Како човек кој е дел од модната сфера, несомнено дека и приватно негува уникатен изглед. Токму затоа Елена Гугоска е нашиот избор за стил на денот. Карирани панталони во комбинација со маица во впечатлива црвена боја и бели патики, изгледа апсолутно шик и модерно во секој поглед. Изгледот дополнително го комплетираат и очилата за сонце, кои одговараат со бојата на маицата.