Стил // Стил на денот
Стил на денот: Елена Велевска во совршен костум за деловни дами + најтренди бојата за оваа сезона
Пејачката Елена Велевска освен тоа што има прекрасен глас и многу фолк хитови, има и супер тело, па што и да облече, ѝ стои убаво.
Овој пат не воодушеви во совршено скроен костум во најтренди бојата за оваа сезона- темнозелена. Сакото има кариран дезен во кој преовладува црната боја, со која Велевска вешто ги искомбинира чантата и чизмите на висока потпетица.