Стил на денот: Есенски хит карирани пантолони за сечиј вкус

Добивај вести на Viber

Комбинацијата на коцки во разни бои од сезона во сезона ја освојува модната сцена, а оваа година карираните пантолони се апсолутен хит. Се комбинираат и во лежерно и во деловно издание. 

Карираните пантолони оваа година се парче кое го замени карираното здолниште како моден императив. Со оглед на тоа дека можат да се комбинираат во разни пригоди, сезонава се носат апсолутно сите варијации на бои и модели. 

Нема да згрешите ако изберете широки или тесни пантолони, пантолони со рамен крој или ѕвонарки, но бидете внимателни кој крој му прилега на вашата фигура. Се носат и на елегантна кошула и на обична маица. Најдобро е што карираните пантолони можете да ги прилагодите на вашиот стил. 

Извор: Фешн.хр