Стил на денот: Ева Лонгорија во сензуална комбинација со која е невозможно да се погреши

Добивај вести на Viber

Холивудската позната актерка изненади со интересно издание, идеално за поформални прилики.

Најпопуларната „очајна домаќинка“ Ева Лонгорија секогаш воодушевува со своите модни избори, како за црвениот тепих, така и за секојдневието, дури и кога спортува со својот син во блискиот парк.

Овој пат, таа се најде на страниците на модните портали поради комбинација која ја одбра за да излезе на вечера со сопругот Хозе Бастон.

 Двојката е фатена на Беверли Хилс, пред кинескиот ресторан г. Чау, а Ева изгледаше многу елегантно и заводливо. Актерката носеше кратка и свилена кошула во кралско сина боја, која ја врза на половината, и многу елегантно свилено слип здолниште кое не е во тело, но ги потенцира задникот и нозете. Па така, од две одделни парчиња, Ева состави комплет кој на прв поглед изгледа како фустан.

Таа го комбинираше со кафеаво-беж сандали и црвена чанта, а има и ефективна црна маска.

Ништо комплицирано, но со вкус и стил!

извор:GLOSSY
фото:profimedia