Стил на денот: Ирина Шајк во капутот на сезоната- закопчена до грло
Мометално една од најбараните манекенки на светот! Исклучителна по супер обликуваното тело, врвните пропорции и изглед на лицето кој е најфотографиран веќе неколки години.
Руската убавица Ирина Шајк ги засени сите манекенки во последно време. Незината појава едноставно плени, а сите оние модни куќи и дизајнери кои ја ангажираат, веднаш знаат дека тоа што им го презентира, станува најпродавано парче. Ирина меѓутоа е интересна и приватно, врската со фудбалскиот ас Кристијао Роналдо и холивудскиот актер Бредли Купер.
Сето ова допринесува суверено да владее на тронот.Нејзиното богатство се проценува на околу 30 милиони долари кои ги направи од многу модни ревии, списанија, реклами, кампањи...
Се облекува убаво, стилски, никогаш пренападно и најчесто преферираа релаксиран изглед. Но, токму неодамна откри кое ѝ е моментално најомилено парче- новиот капут на модната куќа „Барбери“. Се работи за предимензиран капут со големи џебови, во беж боја, надополет во горниот дел со мотиви и ткстура кои потсетуваат на јакна. Ирна смета дека оваа креација ќе биде вистински моден хит.