Стил // Стил на денот
Стил на денот: Иванка Трамп во достоинствен фустан ја напушта Белата куќа
Пред да си замине од Белата куќа, тоа сака и модно да го направи достоинствно. Иванка Трамп важи за дама со беспрекорен стил па таа и Меланија Трамп поставија нови стандарди на облекување.
Ќерката на сега веќе бившиот Американски претседател Доналд Трамп и негова десна рака, пред да се „одјави“ од политичката сцена барем за кратко, деновиве беше видена во беспрекорно елегантно издание. Шетајќи се низ Белата куќа со повеќе жени вработени во администрацијата на Трамп на кои им се заблагодари за 4 години верност, Иванка демонстрира перфектен фустан во пастелно- сина боја кој ја следи линијата на телото и едноставно ѝ стои совршено.