Стил // Стил на денот
Стил на денот: Ивона Јо ја истакна новата фигура во фустан кој ја следи линијата на телото
Кумановката Ивона Јо која во август минатата година се одлучи за интервенција во Турција со која ѝ беше направено кратење на желудникот, денес со гордост може да се пофали со фигура која постепено ја доведува до совршенство.
Пејачката често споделува фотки од нејзините настапи, на кои ја гледаме во глам изданија, а овојпат е наша модна инспирација со фустан кој ја следи линијата на телото, со дезен кој веќе го освојува модниот свет за преодната сезона.
Ивона го комбинирала со црни хулахопки, а истиот ќе биде одличен и за потоплите денови кои не' очекуваат, комбиниран со сандали на висока потпетица.Заедно со фустанот, пејачката се одлучила за гламурозна шминка и фризура која изгледа магично.
Неодамна пишувавме дека четири и пол месеци по операцијата на желудник, Ивона Јо ослабе повеќе од 40 килограми.