Стил на денот: Јелена Карлеуша во хеланки + бомбер јакна - со стајлингот испрати посебна порака
Пејачката се појави на рочиштето со Цеца во неочекувано издание.
Јелена Карлеуша е позната по своите модни експерименти, па ги изненади сите со својата „секојдневна“ варијанта на аутфит.
Таа пристигна на рочиштето по повод една од тужбите што Светлана Ражнатовиќ и таа ги покренаа една против друга во едноставна, но многу импресивна комбинација на облека, која е исклучително популарна во преодниот период од годината.
Карлеуша носеше црни хеланки, црни combat чизми и тренди бомбер јакна на која ѝ ги засука ракавите, а на задната страна пишува „WHY NOT.“ или „Зошто да не“ на англиски, имајќи предвид дека кај неа ништо не е случајно, веројатно сака да испрати некаква порака.
Воени чизми се водечки хит оваа сезона кога станува збор за удобни обувки, но Карлеуша реши да ги носи во варијанта на високи потпетици.
Пејачката го надополни овој изглед со поголеми очила за сонце.
извор:GLOSSYфото: ANTONIO AHEL/ATAIMAGES