Стил на денот: Карлеуша во гламурозно издание на вакцинирање

Со вакцинацијата, српската дива Јелена Карлеуша предизвика големо внимание, а фоторепортерите заборавија на дистанцата.

Карлеуша ја прими вакцината на Фајзер. Нејзиното доаѓање го привлече вниманието на медиумите, но и на граѓаните.

Таа на новинарите им рече дека одлучила да се вакцинира како јавна личност поради почитувањето кон здравствените работници кои повеќе од година дена крваво се борат да спасат животи, поради трудниците, децата, поради година дена ненормален живот и стагнација на целата планета. Изрази надеж дека нема да биде политизирана нејзината одлука.

За овој настан, Јелена избрала гламурозна комбинација.

Имено, пејачката целата се облекла во бело: носеше кожна јакна со златни детали, долга бела сукња, бела чанта со златен ланец, како и бела блуза со идентични детали.

На нозете носеше бели сандали со златни синџири, а на лице носеше бело златни очила од брендот на Луј Витон.

View this post on Instagram

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)