Стил // Стил на денот
СТИЛ НА ДЕНОТ: Класична елеганција на Весна Ѓиновска- Илкова
Оперската првенка Весна Ѓиновска-Илкова, кога не е на сцената, се облекува спортски. На оперските настапи, стилот и го диктира улогата која ја игра, а на настапите, изборот на облека е нејзин. На еден од скорешните нејзини настапи во Македонската Филхармонија, Весна избра класичен црн долг фустан со умерено деколте, украсено со монистри. Познатиот сопран важи за една од најелегантните жени во домашниот јавен живот. Освен на облеката, Весна секогаш внимава на шминката, фризурата и на изборот на чевли и додатоци.