Стил на денот: Комбинација која одзема години - Дијана Китон (75) доби овации за модниот избор

Добивај вести на Viber

Таа со децении важеше за модна икона, а во последно време воодушевува со своите лежерни изданија.
Познатата актерка Дијана Китон, која годинава го прослави својот 75-ти роденден, моментално го снима филмот „Мек и Рита“ во Палм Спрингс.

За време на паузите за снимање, таа шета, и честопати се засладува со сладолед - моменти кои папараците не ги пропуштија.

Иако нејзините одела се заштитен знак, овој пат таа беше уловена во лежерна, тренди комбинација, која одговара за сите години и генерации.
Имено, сивокосата дива носеше искинати фармерки со пошироки ногавици и кошула со дискретен кариран дезен, а она што особено воодушеви во нејзиниот моден избор беа култните стартки кои ги носеше.

Дијана покажа дека легендарниот модел на „конверс“, кој е на пазарот повеќе од 100 години, им одговара на сите, а уште побитно одзема години.

Целата модна приказна ја заокружи со црн шешир, и доби овации за оваа модна комбинација.

Се чини дека холивудската легенда дури и не размислува за пензија, туку работи со полна пареа.

извор:24sedam.rs
фото:PROFIMEDIA