Стил на денот: Кралицата Летиција демонстрира како треба да изгледа добро стилизирана жена
Постојат неколку модни комбинации кои ќе бидат во тренд засекогаш.
Една е токму онаа во која ја гледаме кралицата Летиција. Белата кошула, тесно здолниште и салонки се парчиња кои секогаш изгледаат одлично и со кои никогаш нема да погрешите.
Покрај тоа што е во тренд, пенкало здолништето прилега на секоја фигура, а поради длабокиот струк ги крие и сите дополнителни килограми во стомакот. Ако веќе немате ваков во вашата гардероба, време е да го набавите. Дефинитивно вреди да се инвестира во овој вид здолниште, бидејќи сигурно ќе го носите многу години и во разни прилики.
Кралицата Летиција ни даде одличен предлог за деловен стајлинг, но ова здолниште може да се прилагоди и за понеформални прилики.
Облечете патики и тесна бела маичка и кожна јакна и ќе добиете совршен лежерен стајлинг.