Стил на денот: Кралицата Летиција во розев капут и омбре здолниште во кое ќе се заљубите

Добивај вести на Viber

Кралицата Летиција од Шпанија се појави на церемонија одржана во една банка во Мадрид, па засени многу дами со своето нежно издание.

Станува збор за дамска комбинација во која доминираше розевата боја, а секое модно парче беше мошне интересно.


Најпрво плисираното омрбре здолниште со миди-должина, потоа волнениот розев капут со потписот на Каролина Херера. Обичната розева блуз беше дел од овој стајлинг, но беше надополнета со кожен ремен од Барбери, клач чантичка од Хуго Бос, како и змиски високи потпетици од Манола Бланик.