Стил на денот: Кралицата Летиција воодушевува носејќи ја по петти пат омилената пролетна јакна

Добивај вести на Viber

Сопругата на шпанскиот крал Фелипе Шести уште еднаш покажа зошто е една од најдобро облечените жени на планетата.

Кралицата Летиција од Шпанија (48) уште еднаш ги воодушеви сите со деловната комбинација што ја одбрала.

Сопругата на кралот Фелипе воодушеви, носејќи ја по петти пат тенката и кратка јакна од познатиот уличен бренд Uterque, која ја поседува со години.

 Дезенот на јакната е во риги и во различни бои, со мини бохо нота. Овој пат, Летиција го носеше со бели деловни панталони со прав крој, потпишани од модната куќа Масимо Дути.

Многу впечатлив дел од оваа варијанта се темно-црвените кожни салонки, кои се дело повторно на брендот Uterque, а под јакната има иста таква нијанса блуза.

Шпанската кралица на овој стил додаде минијатурна бела чанта со ланец, Фурла, додека косата ја пушти и изгледот го комплетираше со ситни обетки.


извор:stil.kurir.rs
фотографии:Profimedia