Стил на денот: Кралицата Ранија е деловна дама во боја која ќе се носи на сто начини оваа пролет
фото:PROFIMEDIA
Секогаш совршено стилизирана!
Во своето последно јавно појавување, кралицата на Јордан блескаше во боја која ќе се носи на сто начини оваа пролет и лето.
Убавата кралица Ранија уште еднаш воодушеви со својот стил, па странските модни портали повторно пишуваа за нејзиниот беспрекорен стил.
Имено, кралицата Ранија од Јордан и нејзиниот сопруг кралот Абдула посетија манифестација во Јордан каде младите изработуваа разни ракотворби. Убавата Јорданка ги воодушеви сите присутни кога се појави совршено облечена во розово одело со копчиња во два реда.
Оваа розова нијанса, како и светло сината, последен пат се носеа вака во средината на 90-тите години на минатиот век, а сега е јасно дека тие се враќаат на голема врата.
Кралицата носеше необични бели сандали со розови детали кои совршено се вклопуваат во целиот стајлинг.
Како ви се допаѓа овој стајлинг на прекрасната кралица на Јордан?
извор:stil.kurir.rs