Стил на денот: Лажното мини здолниште на Викторија Бекам ќе им се допадне и на девојките кои не носат здолништа

Добивај вести на Viber

Никогаш не била полесно да се постигне зимската елеганција: едноставна ролка и ефективно здолниште и ја имате комбинацијата од вашите соништа!

Модната дизајнерка Викторија Бекам е нејзиниот најдобар модел! Таа често и со задоволство носи облека од сопствените колекции кои ги носи со голема самодоверба и маестрално ги комбинира.

View this post on Instagram

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


Најновата шик варијанта на облека во која се појави е стајлингот што г-ѓа Бекам го подготви за приватна забава во Лондон. Тоа беше божиќна забава во една од нејзините продавници на улицата „Довер“, кога „Posh Spice“ се појави во многу интересна комбинација.


Викторија спои едноставна ролка во боја на јоргован со здолниште јасно инспирирано од „пенсил“ моделите, но многу поинтересно од сите што сте ги виделе оваа сезона!

View this post on Instagram

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


Станува збор за миди-здолниште во окер боја, кое е украсено со неколку длабоки шлицови, така што имитира мини-здолниште и е совршен спој на елеганција и провокација.

Бекам избра здолниште од нејзината колекција пролет-лето 2023 година, кое е украсено со единствен златен синџир напред.

Извор: glossy.espreso.co.rs