Стил на денот: Љупка Митрова во кожа за есенска урбана приказна

Добивај вести на Viber

Важи за една од највлијателните инфлуенсерки кај нас. Секогаш изгледа убаво, има одличен стил и пример е за тоа како треба девојките да се облекуваат, а сето тоа да биде урбано и со доза на елеганција.

Љупка Митрова има осет за естетика, но во сите креации што ги носи става свој личен печат. Така е и овој пат. 

Носи кожени панталони кои се хит на сезоната, а ги искомбинирала со елегантна блуза која има суптилни карнери и чизми од брендот Дискверд. Секако, малата чантичка и очилата за сонце се неизоставен моден детаљ.